Стаинер не жали што претходно го отпуштил Магнусен

Хаас во 2021 година се одлучија да се ослободат од Кевин Магнусен и Роман Гросжан за да доведат двајца јуниори. Но сега Магнусен е назад во тимот и Стаинер се наврати на својата претходна одлука. 

Младите возачи Мазепин и Шумахер веќе не се во тимот откако Мазепин беше отпуштен поради санкциите кон Русија додека Шумахер не ги исполни очекувањата на тимот. 

Не жалам што го отпуштив Магнусен и ќе ви објаснам зошто. Пред две години бевме во различна позиција од сега. Сега мислам дека сме во многу подобра позиција и тешко е да се најде решение за тоа што се прави. 

Хаас оваа сезона ја заврши на осма позиција со 37 поени и ја освоија првата пол позиција. 

Видовме дека работите во тимот треба да се променат и да имаме подобри перформанси. Не беше Мик крив. Сами сме криви и мора да се справиме со тоа. Има пократок пат а тоа е да се донесе некој со повеќе искуство и кој бил во повеќе тимови. 

Во однос на подршка за Шумахер, Стаинер смета дека Хаас направиле се што е можно. 

Мислам дека завршивме одлична работа. Понекогаш тоа не е доволно но ние целосно стоиме позади нашите постапки. Мора да сме фер дека му дадовме најдоброто што можеме. Имаше еднаквост помеѓу возачите и немаме проблем со тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ