Стаинер: Нико е вистинскиот возач за напредок

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, ја објасни одлуката на екипата да го потпише Нико Хулкенберг на местото на Мик Шумахер за следната сезона, посочувајќи дека искусниот германец е вистинскиот возач кој може да донесе напредок.

Малата американска екипа најпрво потврди дека нема да го продолжи договорот со Шумахер за следната година за кусо потоа да потврди дека Хулкенберг ќе биде нивни нов возач. Нико имаше неколку појавувања за Рејсинг Поинт и Астон Мартин како резерва за возачи позитивни на корона вирусот. 35-годишникот има над 180 Гранд При трки зад себе.

тој беше во формула 1 долго време во екипи од средината на поредокот и знае како работат и како д асе подобри болидот. анализиравме дека во било која екипа и да возел секогаш носел напредок и наша цел е истото, да напредуваме.

почнавме со повеќе возачи како опција да место во тимот, а потоа ја намалувавме листата, односно го стеснувавме изборот. разговаравме со луѓе кои работеле со нико, така што ни беше јасно дека ако сакаме напредок на екипата, ако сакаме да одиме напред, тој е возачот што ни треба – објасни стаинер.

Хаас немаа лесна сезона оваа година и најголем дел од истата беа на дното од поредокот, слично како и лани. Гунтер посочи дека сакаат да имаат позитивна стапка на напредок, но тоа имало смисла само ако приоритет се стави над возачите и се донсат искусни возачи кои знаат да донесат прогрес.

би рекол дека мик го нема искуството кое го има нико, тоа е вистина, а ние требаше искуство за да донесеме напредок во тимот. не сакам да кажам дека мик не е подготвен за во иднина, но екипата треба да биде во подобра позиција за во иднина.

не велам дека мик е виновен за нашата форма, но екипата во 2018 година кога стана дел од гридот направи одличен напредок, изглдаше како дополнително да ќе напреднеме, добро продолживме, но во 2019 и 2020 година назадувавме.

мораме да направиме се за да напреднеме и за тоа ни треба искуство од најдобрите, а возачите мора да бидат подготвени да работат за развојот на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ