Стаинер: Ништо немаше да добиеме ако ги заменевме Кевин и Мик

За време на спринтот во Австрија, Мик Шумахер сметаше дека треба да си ја замени позицијата со колегата Кевин Магнусен пред себе затоа што бил побрз од него.

Додека младиот германец добиваше ДРС поради близината до К-Маг, успеваше да се одбрани од Луис Хамилтон и Мерцедес, но го загуби местото кое му носи поени штом излезе од ДРС зоната на данецот.

Мик преку тимското радиот побара Кевин да забави за да тој може повторно да му дојде во ДРС зоната и полесно да се одбрани од нападите на седумкратниот поранешен првак и да си го зачува последното место кое носи поени. По трката, тој не беше задоволен штом тимот не го послушал затоа што сметал дека има одличен ритам и брзина.

Тимскиот шеф Гунтер Стаинер смета дека промена на позицијата не било исправно решение и немало да промени ништо. Исто така, италијанецот посочи дека ситуацијата ДРС била разговарана пред почетокот на кусата трка и дошле до заклучок дека оној кој ќе има ДРС секако дека ќе биде побрз поради таа предност, така што доколку ги ротирале позициите, Магнусен ќе бил побрзиот Хаас.

ни беше јасно ѓто се случува, знаевме каде сме и знаевме дека за да дојдеме поени требаше да направиме одредени работи. промена на позициите немаше да биде добра затоа што шумахер не беше побрз, круговите му беа побрзи поради тоа што имаше дрс.

разговаравме за тоа пред трката и му објаснив дека ако двата болиди дојдат еден за друг и тој смета дека е побрз, тоа е само поради дрс ефектот што реално не го прави побрз затоа што штом се ротираат, предноста ќе биде кај другиит возач. секако дека луис тоа многу умешно и искусно го искористи за да не мине на патеката – посочи стаинер.

Со пласманот на 7мо место Магнусен доби нови 2 поени, додека Шумахер не успеа да влезе во низа од две трки во бодови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ