Стаинер: Ни требаше возач на кој ќе може да се потпреме

Гунтер Стаинер тврди дека Хаас морале да го носат на своите раменици Мик Шумахер за време на неговиот престој во тимот, а изборот со Нико Хулкенберг било затоа што им требал некој на кој тие ќе може да се потпрат.

Кариерата на Мик Шумахер во Формула 1 заврши по само 43 Гранд При трки за Хаас, кој е заменет со сонародникот Нико Хулкенберг за 2023 година, по сезоната во која младиот Шумахер стана жртва на бројни скапи грешки кои тешко го погодија тимот.

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, ги објасни причините за отпуштањето на Шумахер и покрај тоа што тврди дека возачот завршил добра работа со тимот.

Ние сме најмладиот тим и последните две години изгубивме малку од нашиот моментум кога дојде пандемијата и така натаму.

Значи, прашање е како можеме да го вратиме тимот таму каде што го сакаме како во 2018, а можеби дури и 2019, што беше подобро од последните две години? Знаете, Мик заврши добра работа, но ние требаше да го носиме него и ни треба некој да не носи нас малку – објасни тој.

Одлуката за смена на Шумахер не била јасна

Одлуката за замена на Шумахер дојде доцна во сезоната во Ф1 во 2022 година, пред финалето на сезоната во Абу Даби, а Стаинер ја објасни причината зад тоа.

Долго чекавме, бидејќи не беше јасна одлуката. Пазарот тргна по нашиот пат, никој навистина не го избра Хулкенберг, така што чекавме малку подолго отколку вообичаено. Но, мислам дека ова е најдоброто што можевме да го направиме за тимот повторно да се искачи таму каде што сакаме да бидеме.

Хаас имаше пристојна сезона во 2022 година во споредба со претходните, а врв беше пол позицијата на Кевин Магнусен во Сао Паоло, негова прва како и на тимот.

Гледајќи напред кон 2023 година, Стаинер искоментира:

Ако земете предвид што направивме од минатата до оваа година, направивме добар чекор. Не беше стабилно, цело време сме горе-долу, но мислам дека кога ќе споредите каде бевме повторно се боревме се со големите момци.

Доколку се сетам наназад во 2021та, навистина забавивме на сè и му дадов задача на Симоне Реста повторно да го изгради нашиот технички тим.

Не можете да го направите тоа за два месеци, но тој заврши фантастична работа, ги врати луѓето на исто ниво на персонал и навистина почнавме да се развиваме дури на крајот на Април развивме, но не со полна пареа, така што мислам дека оваа година повеќе сме на нормален пат, имавме целосен технички тим за болидот следната година, па се надевам дека ќе го направиме следниот чекор – додаде тој.

Се надевам дека во воздушниот тунел ќе ги постигнеме придобивките, да ги постигнеме нашите цели, па се надевам дека другите нема да завршат подобра работа од нас. Треба да се надевам, мислам дека работиме подобро од минатата година, но не знам.

Ако другите завршат многу добра работа, ние заостануваме, но мислам дека сум прилично уверен или претпазливо уверен дека ќе го направиме следниот чекор – заклучи шефот на Хаас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ