Стаинер: Нова екипа на гридот носи ризик

Тимскиот шеф на Хас, Гунтер Стаинер, верува дека спортот нема да има никаков проблем со пропирување на гридот на повеќе од сегашнтие 10 екипи.

ФИА неодамна и официјално почна процедура за разгледување на можноста за нови екипи на гриот, а на потег се заинтересираните страни да ги поднесат потребните документи до Федерацијата да докажат дека се способни да бидат дел од најпрестижната тркачка серија во светот.

Постоечките екипи на гридот не се многу расположени за нов конкурент затоа што ќе ја развоедни наградата која ја добиваат од носителот на комерцијални права во серијата.

пред пет години можеше да купите екипа речиси за ништо, но сега серијата е стабилна, многумина сакаат да влезат и затоа треба д бидеме внимателни со проширувањето. десетте екипи кои се во падокот се финансиски многу стабилни и одлично постравени.

во моментов формула 1 е одлична, никој не се мачи, така што ако ставите 11та екипа на гридот, може да има мал економски пад и можеби тоа ќе биде клучно за некој да се мачи да преживее. не гледам зошто би ризикувале, што би донела таа нова екипа.

сепак, јас не сум тој кој носи одлуки, фом треба да го реши тоа заедно со фиа затоа што тие го менаџираат бизнисот. со нова екипа на гридот постои ризик, тоа секако, но нема сигурен бенефит од тоа – посочи стаинер.

Секоја нова екипа ќе мора да плати 200 милиони долари во фонд за разводнување на приходите на актуелните членови на тркачката серија и истите тие пари ќе се поделат помеѓу 10те екипи, согласно послендиот Конкорд договор. Но, многумина во падокот, вклучително и Стаинер, сметаат дека таа сума треба да се прилагоди и да биде поголема со оглед на растот на серијата.

Незадоволството од ваков вид не беше добро пречекано од самиот Мајкл Андрети кој посочи дека противењето на неговито влез во серијата е носем од алчноста за пари и себичноста на останатите екипи кои гледаат само за себе, наместо а доброто на спортот.

ФИА официјално почна да прима иницијативи за нови екипи, но Формула 1 како сопственик на комерцијалните права се тие кои треба да дадат “зелено светло“ за приклучок на гридот. Екипите имаат можност да поднесат документација до последнито ден од Април, а ФИА ќе реши најдоцна два месеци подоцна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ