Стаинер потврди дека: Хаас се против промените на подот

Гунтер Стаинер потврди дека Хаас е еден од шесте тимови кои се противат на предложените регулативи за подот од ФИА за 2023 година.

Во петокот се појави извештај дека повеќе од половина од падокот биле против промените на подот кои имаат за цел засекогаш да го отстранат проблемот со појавата на потскокнување, но шесте тимови не се задоволни што промените всушност се прават под превезот за загриженост во однос на безбедноста.

Заедно со Хаас, Ферари, Ред Бул, АлфаТаури, Алфа Ромео и Вилијамс наводно ќе се спротивстават на регулативите со аргументот дека е премногу доцна во годината за такви големи промени. Зборувајќи за време на последната тренинг сесија на Пол Рикар, Стаинер потврди дека неговиот тим е еден од шесте и рече дека причината зад тоа е дека тие се далеку напред во развојот на болидот за следната година.

Ние сме со шесте тимови кои не сакаат да се менува подот и Прилично сме задоволни од тоа каде сме.

сакаме да го задржиме сегшаното решение или да најдеме компромис за да не мораме да почнеме од ново во развојот на болидите за следната година. Почнавме прилично рано со болидот за следната година и ако ги промените правилата сега, сметаме дека е малку доцна да го направиме тоа – вели гунтер.

Кристијан Хорнер имаше слична изјава во петокот и иако не го кажа директно нивното име, шефот на Ред Бул имплицираше дека Мерцедес се виновни за значително лобирање.

Не е толку проблем директивата. Мислам дека проблемот е што тие гледаат како лек за следната година, бидејќи директивата не е ништо посебно за нас.

Мислам дека има ужасно многу лобирање за значително менување на регулативите за следната година, за да може одреден тим да го симне својот болид пониско и да има корист од тој концепт, а многу е доцна во годината за да се направи ова.

Хаас ја жртвуваше својата сезона во 2021 година за целосно да се фокусира на својот болид од 2022 година, по големите промени во регулативата што се воведоа во Формула 1. Нивните напори доведоа повторно да освојуваат поени во Формула 1, при што тимот импресионираше и покрај тоа што не донесе значителен пакет за надградба цела сезона, иако треба да има ажурирања за Хаас на Унгарското Гранд При следниот викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ