Стаинер потврди: Магнусен ќе остане во Хаас и наредната година

Иако местото на Мик Шумахер во Хаас сеуште не е сигурно, такво нешто нема за Кевин Магнусен. 

Се чини дека тој има сигурно место во тимот што го потврди и шефот Гунтер Стаинер.

Мик е среќен што има колега како Кевин и поради тоа Тој е во подобра позиција од минатата година – посочи гунтер.

Шумахер се мачи да му парира на поискусниот колега и имаше доста лоши излетувања и грешки за што беше критикуван од Стаинер. Хаас сеуште не се сигурни дали ќе го продолжат договорот на германецот и дека се зависи од Ферари.

Да почекаме две недели и ќе ја видиме одлуката – најави шефот на екипата.

Но сепак има добри вести за Магнусен. 

Кевин има повеќегодишен договор со тимот. Тој напредува и логично да е да имаме најдобри возачи во нашите болиди за да освојуваат поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ