Стаинер признава: Немам намера повторно да земам дебитанти

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, отворено призна дека нема намера повторно да има возачи дебитанти во тимот, барем не во оваа фаза од развојот на екипата.

Гунтер ги отпушти искусните Роман Гросжан и Кевин Магнусен на крајот од 2020 година за да го донесе тогашниот Формула 2 првак, Мик Шумахер и богатиот Никита Мазепин да возат за него следната година. Русинот немаше резултати и замина по почетокот на руската инвазија над Украина лани, додека Мик доби уште една година во која не успеа да се наметне и беше отстранет од тимот кој го зема Нико Хулкенберг во своите редови.

Тандемот Магнусен – Хулкенберг се покажа добар за младата американска екипа затоа што секој од нив заврши во поени на по една трка оваа сезона. Поради тоа, Гунтер откри сака да работи со луѓе кои знаат што да прават во средина од поредокот.

во моментов не сакам да земам дебитант. ако ме прашате сега, сакам искусни возчаи затоа што дебитантите секогаш се ризик, но секако и можност да најдете некој огромен талент. во моментов за нас како е екипа важно е да имаме искусни возачи кои ќе не носат напред и ќе не развиваат.

сеуште сме најмлада екипа во формула 1, конкуренцијата станув се подобра и ние мораме да ја следиме. најдобар начин е да ги стигнеме со луѓе кои знаат што прават, возачи кои се тркале во средината како на пример нико. тој има искуство од повеќе екипи од средината на поредокот и го користиме неговото искуство и ги слушаме неговите совети.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ