Стаинер: Резултатите ја оправдaa одлуката да не брзаме со подобрувања

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека неодамнешното темпо на тимот ја оправдува неговата одлука да не брза да донесе надградби на својот болид од 2022 година.

Формула 1 ги промени своите регулативи за оваа година и неколку тимови веќе воведоа големи ревизии на нивните болиди во текот на првата половина од сезоната. Хаас не воведе никакво големо ажурирање и наместо тоа ги фокусираа своите ресурси на еден пакет пред трката во Унгарија, за потоа да го префрлат фокусот на својот болид од 2023 година.

Хаас издржаа тешка серија на пет трки меѓу Мајами и Канада, во која покажаа темпо, но претрпеа неуспеси, за потоа да стигнат до двојни поени во Британија и Австрија.

Би рекол дека многу луѓе се изненадени, знаевме дека треба да дојде уште повеќе од болидот и затоа рековме зошто да брзаме да направиме нешто.

Дури и возачите рекоа дека никогаш не би поверувале дека овој болид сè уште може да се квалификува на шесто и седмо место кога сите други носат новини.

Им реков дека тие носат пакети, но вие момци не знаете какви пакети носат, па како можете да ги процените тие пакети?

Ние точно знаеме што правиме и можеме само да се обидеме да дадеме се од себе, треба да веруваме во себе и тоа го направивме.

Мислам дека докажавме дека болидот е сè уште силен и со новиот пакет се надевам дека ќе стане уште посилен.

Резултатите на Хаас во последните викенди ги издигнаа од 9то на 7мо место во шампионатот за конструктори. Сега има простор од седум поени во однос на АлфаТаури, кои се очекува да воведат низа ажурирања на Француското Гранд При следниот викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ