Стаинер сака да го копира фантастичниот РБ19

Гунтер Стаинер посака неговиот Хаас да го ископира фантастичниот Ред Бул овогодишен болид со цел да се искачи поблиску до водечките.

РБ19 се покажа доминентен и класа за себе на трите трки сезонава, победи на сите од нив, два пати со Верстапен и еднаш со Перез. Хаас, од своја страна, имаат два пласмани во поени годинава, Магнусен беше во топ 10 на Џеда, а Хулкенберг во Монтреал.

Астон Мартин веќе силно беа инспирирани од дизајнот на Ред Бул за нивниот многу успешен овогодишен АМР23 модел и дури три пати го качија Фернандо Алонсо на подиум.

очигледно е дека во моментов ред бул иам предност, но не би можел да кажам дека предноста ќе ја има и во следните 20 трки. не сум сигурен затоа што сите ќе почнат да ги стигнуваат, а се надевам дека и ние ќе сфатиме од каде ред бул имаат толаква предност и ќе ги ископираме или нешто слично.

сите работат под полна пареа и не смее да се заборави дека ред бул добија казна лани поради претерано трошење и ќе имаат помало дозволено време за развој во воздушниот тунел годинава, така што теоретески ќе имаат помал напредок.

ќе почекаме да видиме, но како и да е, направија фантастична работа и не смее да се обвинат правилата за тоа ако некој е подоабр од друг и има предност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ