Стаинер: Сеуште не преговараме со Хулкенберг

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, откри дека американската екипа не преговара со Нико Хулкенберг во врска со можноста германецот да вози за нив догодина.

Гласините велат дека најмладата екипа на гридот следната година во својот “ростер“ ќе го има пребогатиот русин, Никита Мазепин и еден од јуниорите на Ферари, Калум Илот или Роберт Шварцман.

не сум разговарал со нико некое време. како екипа мораме да знаеме што сакаме точно пред да почнеме да разговараме со возачите. нико е многу почитуван во падокот и многу добро знаеме за што е способен, но не е чесно за нас да разговараме со возачи пред точно да имаме сопствена цел – објасни стаинер за германски Sport1.

Гунтер призна дека на неодамнешното Руско Гранд При имал состанок со Дмитри Мазепин, рускиот олигарх чиј син во моментов се трка во Формула 2.

господин мазепин го сака својот син во формула 1, а веројатно неговиот син сака да се трка во формула 1 уште повеќе. но, пред се ние самите треба да решиме што сакаме да направиме и само тогаш треба да разговараме со луѓе кои се заинтересирани да возат за нас.

Тој не демантираше нити дека нивниот партнер, Скудерија Ферари, бара место за еден од своите јуниори во тимот, Мик Шумахер, Калум Илот или Роберт Шварцман.

многу сме блиски со ферари и ако земаме возачи од формула 2, тие со сигурност ќе бидат оние на ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ