Стаинер смета дека ограничениот буџет е клучен за добро тркање

Гунтер Стаинер, тимскиот шеф на Хаас, посочи дека воведувањето на ограниченото трошење е една од клучните работи кои треба да донесат поспекакуларно тркање оваа година.

Промената на аеродинамичките правила и враќањето на земјениот ефект како генератор на потисната сила во многу ги доближи болидите еден до друг, така што борбата на патека е поблиска, но по Стаинер тоа не е единствената причина. Тој смета дека жестоката битка зад водечкото трио е толку еднаква поради еднаквото трошење на кое се обврзаа екипите.

Првичните 140 милиони долари со одредена корекција за инфлацијата дојдоа до дозволени 145.58 милиони долари годишно. Зголемувањето беше компромис, малите екипи не сакаа никаква корекција, додека големите притискаа и за многу повеќе.

она што реално се случува во моментов е дека имаме голема борба на патеките, добри трки на патеките кои го дозволуваат тоа. мислам дека најголема причина за тоа е ограниченото и еднакво трошење кое се покажа како здраво правило кое не треба ни да се помисли да се отстрани – смета гунтер.

не треба ни да помислиме на старите времиња каде тој што имаше најмногу пари секако победуваше. мислам дека фом е свесна дека трките како силверстон се фантастични, како за екипите и возачите така и за оние за кои се тркаме, фановите.

мислам дека ограниченото трошење е средиште на се позитивно што се случува и поради тоа сметам дека на секоја начин треба да го штитиме ова правила кое ќе донесе здрави, стабилни и силни екипи.

Една од клучните работи кои ограниченото трошење ги стави на сила се ограничениот развој, што и дозволи на мала екипа без многу персонал, како американски Хаас, да остане конкурентна и покрај тоа што немаат нови делови на пакетот за сезонава.

не е сао ограниченото трошење туку и техничките правила за овие болиди. мислам дека е многу тешко одошто порано затоа што новините кои екипите ги носат не се толку големи како порано. тешко е да се најдат силни придобивки со овие правила, нешто што не беше случај порано. овие правила се одлични.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ