Стаинер среќен за успехот на Гросжан во Индикар

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, изјави дека е пресреќен што неговиот поранешен возач, французинот Роман Гросжан, е одличен откако почна да вози во Индикар. 

Гросжан помина пет сезони во Хаас и оваа сезона почна да вози во Индикар каде освои една пол позиција и две втори места. Французинот е 23 поени зад Скот Меклафлин во борбата за почетник на годината, но главно поради тоа што не вози на овалите. 

Среќен сум за него. Минатата година беше тешка за него и не сакам Да не се навраќам на инцидентот од Бахреин. Тоа беше тешко за него. Добро е што се врати и добро е што е одличен во Индикат.

Изненади многу луѓе бидејќи не е во топ тимовите што е тешко за него, но дава се од себе. Има голема мотивација и се соживува со резултатите. Среќен сум за него – објасни гунтер.

Колегата на Гросжан, Кевин Магнусен, го напушти Хаас и се приклучи на Чип Ганаси во ИМСА шампионатот. Тој дојде до првата победа во серијата во Детроит и се качи на уште два подиума. 

Кевин победи на трка и тој сака да го прави тоа. Тој научи да почитува и среќен сум со него. Им посакувам многу успех. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ