Стаинер: Тимовите мора да внимаваат со млади возачи

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека тимовите мора да внимаваат на големиот ризик кога носат дебитанти во спортот. 

Хаас минатата сезона имаа двајца млади возачи за кои се решија дека нема да ги задржат и донесоа искусни возачи за следната сезона, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг. 

Шумахер се пожали дека немал доволно време да се докаже бидејќи ривалите биле доста поискусни. 

Мислам дека е во право. Во тркањето две години се доста. ТОј дојде од Формула 2 во Формула 1 без тестирање и доби место во тимот без пресметан ризик. Сега Мекларен го имаат Пиастри, но тој веќе тестираше. Не е проблем, но мора да се знае колкав ризик тоа носи – посочи гунтер.

Хаас направија пресврт во однос на возачите, но Стаинер смета дека нема да ја повтори грешката. 

Не, не и не. Ќе ви објаснам зошто. Сега сме во подобра позиција од претходно и во тие две години најдовме решенија како да продолжиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ