Стаинер: Формата ни е мистерија оваа сезона

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека формата на тимот оваа сезона останала мистерија. 

Хаас се врати по сезоната без поени во 2021 година со високо 5то место на Кевин Магнусен во Бахреин и шокантна пол позиција во Бразил. Доаѓањето на Магнусен се случи неколку денови пред почетокот на сезоната откако му беше прекинат договорот на Никита Мазепин поради руската инвазија над Украина. 

Стаинер изјави дека бил претпазлив околу шансите на Хаас во Бахреин, но бил изненаден од формата која ја имале. 

Не очекував пад по неколку трки. Во Австралија имавме лоша трка и тоа не беше очекувано. Подоцна ги имавме Силверстон и Австрија кои беа добри. Тешко беше да се предвиди – посочи италијанецот.

Екипата донеса надградба во Унгарија која се покажа како добра, а Шумахер и Магнусен донесоа уште поени за тимот. 

Мистерија е зошто немавме надградба во Австрија или Силверстон иако бевме брзи. Кога ја донесовме надградбата не бевме брзи и тоа беше чудно, Но сепак, тоа е комбинација од повеќе работи. Имавме болид со проблеми и тешко беше да ги вратиме перформансите брзо. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ