Стела: Проблемите се поради застарената опрема

Тимскиот шеф на Мекларен верува дека ограничувањата на нивниот Формула 1 болид е поради лошите услови во кои се симулира движењето на болидот и стариот воздушен тунел и методологија. 

И покрај новите правила, МЦЛ36 не ги исполни очекувањата, а новиот болид МЦЛ60 е уште полош од неговиот претходник. 

Морам да кажам дека логиката не е променета. Знам дека зборуаввме и дека се работи за ефикасноста на аеродинамиката, Но на правците сме бавни.

Мора да направиме промени за да сме побрзи, Но логиката останува иста бидејќи мора да ја надградиме инфраструктурата бидејќи условите на патеката се променливи и не може да ги симулираме во воздушниот тунел – посочи италијанецот.

Во Вокинг се работи на нов симулатор и воздушен тунел и се очекува да завршат со работа во јуни. Тимот до скоро го користеше тунелот на Тојота во Келн што значи дека носеле делови во Германија со комбе.

Сигурно со тунелот кој го користиме е тешко да се работи и мислам дека ќе биде полесно кога ќе направиме нов за нас. Мислам дека ќе имаме подобро разбирање и ќе видиме како функционира болидот.

Имаме ограничувања во методологијата која ја користиме со години и покрај промената на правилата. За неколку месеци ќе знаеме повеќе и ќе направиме споредба помеѓу воздушните тунели. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ