Стела: Тоа што не сме фабрички тим не е хендикеп

Андреа Стела од Мекларен е сигурен дека тоа што Мекларен нема да е фабрички тим за мотор во 2026 година нема да го спречи прогресот на тимот. 

Откако Хонда потврдија дека ќе соработуваат со Астон Мартин, веќе седум тимови имаат свој фабрички партнер за мотор додека Мекларен, Вилијамс и Хаас се клиенти. 

Стела не е воопшто загрижен за тоа. Тимот е целосно слободен да го купи најдобриот пакет и не е обврзан да биде клиент на Мерцедес. 

Мора да се внимава на зделките за 2026 година. Како производител на шасија имаме доволно простор да влијаеме на дизајнот на моторот и нема да заостануваме. Сега се водат разговори во компанијата. Да бидам искрен немаме потешкотии. 

Стела потенцираше дека во моментов клиентските и фабричките тимови имаат ист однос и нема да загубат перформанси поради тоа. 

Мислам дека ќе бидеме во добра позиција да влијаеме на параметрите. Има две категории. Како да се спои мотор заедно со шасија и вториот е да влијаеше на параметрите како тим. Како што кажав имаме различни дискусии во тимот. Мора да се компензира меѓу развојот на шасијата и аеродинамиката. Но мислам дека сме во добра ситуација и не мислиме дека е одлучен фактор за иднината. Сакаме да бидеме конкурентни. Тоа ќе биде главен критериум. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ