Стинер не е разочаран од губењето на американските трки

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, не е разочаран од губењето на сите четири трки на Американскиот континент оваа година и покрај тоа што истите се најваен пазар за сопственикот Џин Хас.

Минатата недела Формула 1 откри дека нема да има трки во САД, Мексико, Канада и Бразил годинава, настани кои официјално беа откажани поради пандемијата. Наместо тоа спортот доби три нови трки во Нирбургринг, Имола и Портимао.

Компанијата за производство на напредни машински алати на Џин Хаас ги има Северна и Јужна Америка како најважни пазари, но според неговиот тимски шеф, Гунтер Стаинер, фокусирање на трки во Европа има повеќе смисла во однос на финансиите.

не сме многу разочарани што нема да има прекуокеански трки пред се поради финансиите. ако не не поддржат, нема потреба да одиме таму и да се тркаме затоа што само губиме пари и нема потреба од долги летови – смета стаинер.

Запрашан дали е загрижен од загубениот маркетинг поради окажаните трки на пазарите кои се многу важни за Хаас, Стаинер откри дека Џин ја прифатил одлуката.

тој знае дека одлуката е таква со многу добра причина, не можеме да одиме таму и никој не може да го промени тоа. разочрани сме што не можеме да имаме целосен календар и целосен приход од сите трки. пандемијата е таква што сме многу ограничени, но немавме право за избор и мораме да живееме со тоа.

Тој потенцираше дека непознатиот календар ја прави ситуацијата за екипите многу тешка за баланс на буџетот.

се приближуваме до финалната бројка на трки, но сепак и тоа е премалку во однос на првиот план. сепак, мораме да бидеме внимателни што правиме и треба да внимаваме со трошењето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ