Строл бил позитивен на Ковид-19 во Германија

Ленс Строл откри дека имал позитивен тест за КОВИД-19 по Ајфелското Гранд При кое се возеше на Нирбургринг пред две недели.

Откако беше објавено пред самите квалификации на патеката Нирбургринг дека Ленс Строл нема да учествува поради здравствени причини, во исто време Рејсинг Поинт повторно ја повикаа супер замената, германецот Нико Хулкенберг.

Првично од тимот истакнаа дека отсуството на Строл не е поврано со Корона вирусот, но сега возачот потврди дека направил тест за Корона по трката и истиот покажал дека е позитивен. Од тој момент младиот канаѓанец бил во изолација и последниот тест од скоро за Корона вирусот бил негативен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ