Строл и Фетел: Франција ќе биде нов предизвик со овие болиди

Пред трката за Големата Награда на Франција овој викенд, возачите на Астон Мартин, Ленс Строл и Себастијан Фетел, објаснуваат како регулативите за аеродинамиката во 2022 година може да ја претворат патеката Пол Рикар во поинаков предизвик.

Откако се врати во Формул 1 во 2018 година, Француското Гранд При често е критикувано за предвидливоста на крајниот исход, но сепак, посетителите на минатогодишниот настан беа почестени со трилер, бидејќи Макс Верстапен го стигна и го помина Луис Хамилтон за победа на само два круга до крајот, а и Строл и Фетел веруваат дека карактеристиките на новата генерација на болиди во Формула 1 треба да доведат до добро шоу.

Пол Рикар е прилично предизвикувачка патека, со различни свиоци и некои долги, кривулести делови кон крајот на кругот – рече Строл.

Болидите со земјен ефект што ги имаме оваа година изгледаат како да произведуваат подобри трки, па се надевам дека можеме да приредиме добро шоу за навивачите овде.

И покрај тоа што нема многу пречки во зоните за тешко сопирање, Пол Рикар содржи различни кривини со мала и голема брзина за возачите да се справат, а Фетел забележа дополнителен предизвик што ќе го обезбедат аеро правилата за 2022 година.

Брзите свиоци на Пол Рикар треба да добијат дополнителна димензија со овие болиди со земјен ефект, а свиоците со помала брзина ќе бидат предизвик за сите.

Претходните викенди не беа отсекогаш добри за нас поради оваа или онаа причина, па затоа би било убаво да имаме одреден моментум пред летната пауза.

Фетел моментално е 14ти во шампионатот за возачи со 15 бодови, додека Строл е пет места поназад и има само три бода. Во шампионатот за конструктори, разочарувачката сезона за Астон Мартин го стави тимот од Силверстон на 9то место со 18 поени, девет поени зад осмопласираниот АлфаТаури.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ