Хил: За да се докаже, Строл мора да го порази Алонсо

Поранешниот првак, Дејмон Хил, верува дека ништо освен честа победа над својот тимски колега ќе му помогне на Ленс Строл да напредува во Форула 1. 

Со 24 години, тој ја започнува својата седма сезона во Формула 1 откако се приклучи на Вилијамс во 2017 година, а подоцна татко му го купи Форс Индија во 2019 година. Канаѓанецот се искачи на три подиуми до сега и освои една пол позција во Турција. 

Во текот на неговата досегашна кариера, тој имаше доста подеми и падови и се покажа како доста добар стартер и возач на влажно. Но, неговите перформанси во последните две сезони стагнираат најмногу поради болидот на Астон Мартин. 

Хил верува дека канаѓанецот во моментов е во делот на кариерата каде мора да се покаже дека е подобар од ветеранот Фернандо Алонсо. 

Тој мора да е стабилен и да не покажува дека само еднаш е добар. Мора да има амбиција да биде подобар од Фернандо АЛонсо.

Звучи брутално, но тоа Расел се труди да го направи. Тоа го прави и Хулкенберг со Магнусен кој сака да се покаже како број 1 во тимот – вели хил.

Дејмон сепак смета дека иако можеби е способен, сепак не може да го покаже потенцијалот. 

Мислам дека Ленс ја има способноста да биде иден заслужен шампион како макс Верстапен и Луис Хамилтон, Но мора да го реши Алонсо. Мора да почне да го прави тоа и да испорача. Прашањето е како да се отвори тој потенцијал бидејќи бара многу жртва. 

Британецот верува дека Строл најмногу ќе има корист ако замине од Астон Мартин бидејќи тимот го поседува татко му и сите го гледаат како негов штитеник и платен возач. 

ДОколку сака да го знае одговорот мора да покаже како вози за друг тим. Доколку се справи со тие проблеми ќе се случи да исплива или да се удави. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ