Строл се чувствува подобро, но не е целосно подготвен

Ленс Строл призна дека сè уште не достигнал 100 проценти кондиција откако ги скрши двата зглобови за време на подготовките за Формула 1 сезоната.

Канаѓанецот имаше виртуозна изведба и заврши на шестото место на отворањето на сезоната за Големата Награда на Бахреин, откако ги пропушти предсезонските тестирања како последица на неговите повреди. Строл ги скрши двата зглобови и прстот на ногата во велосипедска несреќа во Шпанија две недели пред првата трка, при што беше потребна операција на зглобот и интензивна рехабилитација пред настанот.

Запрашан како се чувствува после тоа, Строл рече:

Беше прилично болно во понеделникот потоа, но беше добар викенд за тимот, па вреди малку болка.

Астон Мартин беше изненадување на викендот со Фернандо Алонсо кој заврши на третото место пред Карлос Саинз од Ферари и двајцата возачи на Мерцедес. Со закрепнувањето на Строл, среќата може да се подобри за тимот од Силверстон и пред трката за Големата Награда на Саудиска Арабија овој викенд, тој објасни:

Состојбата се подобрува секој ден, се чувствувам подобро секој ден и знам дека Најлошиот дел е зад мене.

Сè уште не сум 100 проценти фит, потребно е малку време овие работи да заздрават, но дефинитивно се чувствувам многу подобро отколку пред 10 дена во Бахреин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ