Строл смета дека 2020 година била пропуштена можност

Возачот на фабричкиот Астон Мартин тим, Ленс Строл, смета дека ланската сезона пропуштил многу можности иако таа година била најдобра во неговата досегашна Формула 1 тркачка кариера.

Младиот канаѓанец стигна до својата прва пол позиција за екипата на Турското Гранд При каде беше во добра позиција и да победи, но не успеа. Дополнително, два пати стигна до подиум во годината која беше одлична за Рејсинг Поинт. Сепак, тој смета дека можел и повеќе и подобро доколку не “закачел“ корона вирус.

имавме добри резултати, неколку 4ти место, некоку подиуми, пол позиција и тоа беше најдобар дел од сезоната за мене, така што не можам да кажам дека годината не беше добра. но, во исто време сметам дека пропуштив доста можности со болидот кој го имвме и кој беше многу конкурентен – смета строл.

Ленс смета дека првиот дел од сезонага бил силен за него откако во еден момент беше најдобар возач надвор од врвните две екипи зад Хамилтон, Ботас и Верстапен. Но, по подиумот на Монца, следуваше пад во формата и перформансите, некоклу откажувања и пет последователни трки без поени.

по првиот дел од сезонаа бев на 4то место во шампионатот со добра предност пред оние зад мене. но, по дупонатата гума во муџело имав трки на кои не освојував поени. дел од мене беше фрустриан и тоа траше неколку трки, беше тешко, бев во пад со формата од подиумот.

пропуштив доста можности во тие неколку трки. во муџело се воев на подиум кога ми откажа гумата, а потоа бев позитивен на корона вирус, пропуштив трка, онаа на нирбургринг и имав уште некои несреќни моменти и незавршени трки без поени.

поради сето тоа сметам дека сезоната има доста пропуштени можности за мене, но беше во исто време и многу забавно. имав болид кој беше навистина на врвот од гридот и беше неверојатно да се вози.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ