Строл станал подобар возач поради Фетел

Ленс Строл му е благодарен на Себастијан Фетел што му помогнал да стане подобар тркачки возач.

Фетел се приклучи на тимот на Астон Мартин во 2021 година по неговото заминување од Ферари и помина две сезони во екипата пред да се повлече од спортот на крајот на минатата година. Строл беше тимски колега на Фетел во тој период и верува дека тој имал огромна корист од големото искуство на четирикратниот светски шампион.

Мислам дека беше одличен – изјави Строл.

Тој е исклучително искусен и многу талентиран. Четирикратен шампион, па тоа кажува се.

Навистина беше многу забавно. Мислам, тој беше конкурент во болидот, но мислам дека тој навистина ме поттикна да разберам различни работи, како на пример, како да му пријдам на викендот, како да ја прилагодам мојата работна етика и да бидам подобар тркачки возач.

Дефинитивно научив многу од него во тој поглед, само гледајќи како ги прави тие работи.

Строл, исто така, верува дека Фетел имал позитивно влијание врз тимот како целина.

Тој дефинитивно само помогна да се поттикне тимот напред и да донесе некои идеи од неговото минато искуство во други врвни тимови, како Ферари и Ред Бул – додаде канаѓанецот.

Мислам дека тоа беше огромно. Плус, згора на сето тоа, тој беше само кул човек надвор од болидот И многу фин. Тоа ја прави сезоната попријатна.

Строл ќе остане со Астон Мартин за петта сезона во 2023 година, но ќе има нов тимски колега од другата страна на гаражата бидејќи Фернандо Алонсо се приклучува на повеќегодишен договор како замена за Фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ