Стјуардот Емануеле Пиро повреден од реакциите за казната на Фетел

Стјуардот на ФИА, Емануеле Пиро, призна дека бил повреден од реакциите на поранешните Формула 1 возачи минатиот викенд во Канада по контроверзната казна на Фетел.

Одлуката на стјуардите им ја “украде“ победата на Ферари и на Фетел и доведе до седма последователна победа за Мерцедес, но самата одлука доведе до гневни реакции на социјалните мрежи од фановите, но и од поранешните Формула 1 возачи и тркачи во други серии.

Легендарниот Марио Андрети изјави дека тоа што се случило во Канада е “неприфатливо“, додека шампионот од 1992 година, Најџел Мансел, ја нарече одлуката “многу, многу засрамувачка“.

За среќа, имаше луѓе кои покажаа солидарност со мене. Боли, сепак, тоа што великани како Марио Андрети и Најџел Мансел имаа такво мислење.

Денес не е случај кога безбедноста е секундарна, светот е променет, трките се поинакви. Илјадници битки се биени за безбедноста, а тоа вклучува и како се одвиваат трките.

Како фан на тркањето и на Ферари особено, жал ми е што трката заврши како што заврши. И може да разберете, не е лесно да се донесат некои одлуки, но интегритетот на спортот мора да биде прв.

Другите стјуард, Метју Ремерие, ја одбрани одлуката да се казни Фетел, но ја призна прекумерната природа на правилата.

Сугестијата дека правилата треба да се разгледаат е правилен коментар. Како моторспорт ентузијаст, очигледно сакам да бидам дел од големи трки.

Дали правилата докажале дека се прекумерни во некои случаи? Најверојатно да. Сепак, секогаш ќе има ситуации кога е тешко да се одреди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ