Сударот на Јуки бил по контакт со де Врис

АлфаТаури потврдија дека сударот во оградата на Јуки Тсунода која му ја заврши спринт трката и донесе црвено знаме се случил по контакт со колегата Ник де Врис.

Јапонецот не можеше да го задржи својот АТ04 болид да не удри во ѕидот на 13та кривина откако зауби контрола, а неговото задно десно тркало се откачи од болидот и самостојно се движеше по патеката. Тсунода успеа да довози во боксот, но се врати на патеката откако доби нови гуми, крила и поправки, иако болидот беше видливо силно оштетен, а тимот доби казна од 5 илјади евра за пуштање небезбеден болид во трка.

бев буквално истуркан во оградата од негото, иав контакт со некој и загубив контрола, удриајќи во ѕидот. но, не знам кој ме удри – изјави јуки по трката.

Следуваше изјава од малата екипа од Фаенца која потврди дека нивниот втор возач, дебитантот де Врис, бил оној кој придонел за крајот на трката на другито возач со контакт.

двата болиди се тркаа жестоко од почетокот на трката и завршија еден крај друг на врвот од 3та кривина. ник имаше контакт со предното крило на јуки на излезот од таа кривина и како резултатот на тоа, јуки подуправуваше на 13от свиока. за жал, штетата на задниот дел му ја заврши трката – објаснија од алфатаури.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ