Сурер: Ботас е “тапа“ во гужва

Формула 1 аналитичарот Марк Сурер, застана на страната на оние кои сметаат дека веќе поранешниот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, има доста слабости.

Финецот немаше голем успех во своите 101 трки одработени за шампионскиот тим иако Луис Хамилтон е полн со пофалби за својот колега, но факт е дека финецот никогаш не беше закана за него.

Џулион Палмер, поранешниот Формула 1 возач и сегашен колумнист, беше шокиран што Ботас не дошол во позиција да му помогнае на својот колега на Јас Марина и им овозможил на Ред Бул слободно да бираат каква стратегија ќе имаат, клучен фактор во нивниот ризик кој им донесе титула сезонава.

Сурер се сложува дека Ботас помагал во 5те конструкторски титули, но никогаш не можел да нападне за возачката затоа што не е доволно агресивен и не се снаоѓа добро кога треба да претекнува.

доколку тој беше посилен и претекнуваше, макс немаше да има можност да менува гуми толку често и немаше да освои титула. претекнувањето немаше да му успее, но ботас беше буквално никаде на последната трка – смета сурер.

Тој смета дека не била само последната трка настан на кој 32-годишникот се мачел да го искористи потенцијалот на својот доминантен болид и токму поради тоа веројатно Мерцедес го менуваат за Расел.

ботас е навистина “тапа“ кога е во гужва. секогаш заглавува и тешко му е да претекне, едноставно тој не знае да претекнува болиди кои се секунда побавни по круг од него. тоа е негова огромна слабост.

Споредувјќи ги Ботас и Перез, возачите кои беа поддршка на главните “борци“ за титула сезонава, Сурер смета дека финецот има предност во однос на мексиканскиот колега.

ботас е секогаш добар на летечки круг во квалификации, толку добар што знае да биде и побр од хамилтон. но, перез тоа не го може, тоа е негова слабост.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ