Сурер: Маси беше отстранет само поради надворешно влијание

Поранешниот Формула 1 возач, Марк Сурер, смета дека ФИА требало да покаже поддршка за поранешниот директор на трка, Мајкл Маси.

Како дел од реструктуирањето на контролата на трката од страна на ФИА, а по контроверзното Гран При на Абу Даби во 2021 година, Маси ја напушти улогата на директор на трка која сега ќе се дели и ротира помеѓу две лица, со виртуелна контрола на трка, налик на ВАР во фудбалот.

Мислам дека тоа беше пресилна реакција на ФИА да се ослободи од Маси Бидејќи севкупно, во текот на целата сезона и во последните години, тој не заврши лоша работа.

Мислам дека на ФИА ѝ требаше нова организација за да го преземе притисокот од директорот на трката, но не требаше да го сменат, бидејќи мислам дека многу одлуки се носат под притисок и немате време да одлучувате. ги имате тимските менаџери во вашите уши кои се обидуваат да влијаат врз вас. Тоа беше само премногу. Можам да замислам зошто се случи сето ова.

Па зошто да го замените Маси? Тоа беше поради притисокот од надвор, а не поради тоа што лошо ја заврши работата. Донесе можеби некои лоши одлуки да, но не и лоша работа – посочи сурер.

Новото дуо кое ќе ја врши улогата директор на трка ќе биде сочинето од директорот на трката на светскиот шампионат за издржливост, Едуардо Фреитас, заедно со Нилс Витич, кој неодамна ја напушти таа улога во ДТМ. На парот ќе им помага поранешниот заменик на Чарли Вајтинг, Херби Блаш, за кој Сурер смета дека е главната позитива од ова реструктуирање.

Добрата работа е што го реорганизираа раководството и многу сум среќен што Херби Блаш се врати.

Не треба да заборавиме дека со Чарли Вајтинг, тој секогаш беше пофален за неговите добри одлуки, но многу често покрај него секогаш беше Херби Блаш.

Значи, да се слушне дека се врати е најдобрата порака.

Маси, се верува, ќе заземе друга позиција во ФИА.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ