Тенерифе чека одобрение од ФИА

Новоизградената Формула 1 патека на островот Тенерифе во Шпанија чека официјално одобрение од ФИА и ФИМ.

Патеката која е наречена Брен Кабилдо Исулар де Тенерифе требаше да биде отворена во 2018 година, но не успеа да добие согласност од властите. Одтогаш има збачителен напредок и сега се чека одобрение од ФИА и ФИМ за да се отвори патеката и можно нејзино користење во Формула 1 и Мото ГП. 

Бепе Мускиони и Франко Унчини се инспекторите пратени од ФИА и ФИМ кои треба да ја разгледаат патеката. Покрај тоа се вршат и различни симулации за брзините на патеката и излетувањата. 

Ова е прашање кое го чекаме од двете федерации да ги завршиме симулациите. Со Унчини дадовме предлог за усогласување на двете серии. Кога ќе се заврши ова ќе продолжиме со подготвките – изјави Мускиони. 

Се чини дека наскоро нема да се случи да се организира трка таму, но сепак организаторите би организирале тестови. Моменталниот план е патеката да добие оцена 2 за во иднина да ја зголемат на 1. 

За Формула 1 е потребна дозвола 1. Ова значи дека во иднина менаџерите ќе бараат комплетна хомологација доколку сакаме да бидеме домаќини на Гран При. 

Патеката е долга 4 километри има 16 свиоци и правец долг 819 метри. Проектот чинеше 20 милиони фунти. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ