Тимските шефови го сакаат Доменикали

Тимските шефови му дадоа целосна поддршка на Стефано Доменикали како вистински чоек за функцијата Главен извршен директор на Формула 1 организацијата.

Поранешниот тимски шеф на Ферари сеуште не е официјално потврден како шеф на спортот, но се посилни се шпекулациит дека ќе го превземе раководењето на тркачката серија, а Чејс Кери, досегашниот директор, ќе добир друга функција.

55-годишниот италијанец го напушти Ферари во 2014 година, а во моментов е Глаен извршен директор на ламборџини, бренд на Фолксваген.

веста околу стефано е јавна тајна и мислам дека е одлично за спортот ако тој ја превземе таа улога затоа што тој е добар човек, сум се тркал против него како шеф на ферари во минатото.

има интергритт, самиот беше тркач и натпреварувач, го разбира овој бизнис и ги мина последните години во автомобилската индустрија, но надвор од формула 1. заврши одлична работа со ламборџини и мислам дека чќе биде од голема корист за формула 1 – смета кристијан хорнер од ред бул.

Британецот не е загрижен што поранешен шеф на Ферари ќе ја раководи целата тркачка серија.

сит највисоки луѓе во спортот, доменикали, рос браун и жан тод беа во исти период дел од ферари, но не мислам дека ќе имаат некаква наклонетост во однос на ферари. сигурен сум дека стефано ќе биде темелен, трпелив и правичен.

тој е одличен кандидат, одличен човек, се боревме против него за титула во 2010 и 2012 година и имаше многу итегритет во него беше господин и ќе биде одличен на чело на спортот как одел од либерти. има разбирање, знае како треба да напредне спортот и ќе помогне многу.

Андреас Сеидл од Мекларен го запознал Доменикали додека бил шеф на Поршен како дел од Фолксваген групацијата од која и Ламборџини е дел.

доколку чејс реши да се откаже или да престане да го раководи спортот, мислам дека стефано е одличен избор и некој кој сино би го поддржил за таа функција. лично сум работел со него за време на моите ангажмани во порше кога работевме на еден посебен проект. стефано многу ми помогна со своето искуство.

многу го ценам не само поради искуството туку и поради различните работи кои ги има работено, одлична личност и карактер и пасиониран љубитл на моторспортот.

со сето свое искуство кое го има насобрано од различите позиции кои ги работел ќе биде фантастичен избор за предводник на формула 1.

Сирил Абитебул, шефот на Рено, смета дкеа со искуството од Ламборџини кое го има италијанецот, ќе биде одличен во периодот кога Алпин и Астон Мартин стануваат дел од тркачката серија.

стефано има многу да понуди ако се случи да превземе една таква позиција. очигледно е дека има огромно знаење за самиот спорт, многу добро познава и како работи еден производител на автомобили иак ламборџини не се дел од формула 1, но веројатно знае зошто е тоа така и има различни и итнересни перспективи.

како и секогаш ни треба многу силен менаџмент затоа што кој и да ја превземе позицијата има многу работи кои треба да ги реши. без разлика дали чејс ќе продолжи или некој друг, ќе има многу работа.

ни треба силен карактер и посветен човек кој го позанва спортот и треба да формира силна група околу него. се надевам дека и чејс ќе остане затоа што има многу што да понуди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ