Тод со измешани емоции за Хамилтон

Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација, Жан Тод, изјави дека дел од него сака да останат рекордите на Михаел Шумахер на сила додека од друга страна сака да им честита на Мерцедес и Хамилтон за нивните достигнувања. 

Шумахер има седум титули и најверојатно Хамилтон годинава ќе се изедначи со него. Многумина во падокот не веруваат дека друг возач може да стигне до овој рекорд на 91 победа на Шумахер. Хамилтон оваа година ќе го достигне и тој рекорд и за голема иронија тоа може да се слуши на прославата на 1000та трка на Ферари во нивното Муџело. 

Тод кој беше шеф на Шумахер во Ферари призна дека ова е можно да се сличи. 

Доколку сте поврзани со рекордите би сакале тие да останат. Од друга страна секој рекорд има свој рок и Тие се направени да се подобрат.

Јасно е дека Мерцедес и Луис ќе ги соборат овие рекорди. Тоа е заслужено и ќе му честитам. Се восхитувам на конкурентноста и издржливоста, Но луѓето сакаат непредвидливост во спортот и сакаат промени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ