Тод: Утринската сесија во Сабота во спринт форматот нема никаква смисла

Претседателот на ФИА, Жан Тод, смета дека најголемиот проблем со спринт форматот е втората тренинг сесија во Сабота. 

Формула 1 годинава ќе одржи три спринт настани, поминаа оние во Британија и Италија додека последната ќе биде во Бразил. Новиот формат предизвика различни мислења кај фановите, а Тод е меѓу најгласните кои се прашуваат зошто има тренинг по квалификациите. 

Во овој момент се чудам зошто е вториот тренинг во саботата. Овој тренинг не се разбира кај фановите зошто постои, Но потребно е за тимовите да соберат информации за трошењето на гумите. за сите останати нема никаква смисла – искрен е тод 

Друг проблем за фановите е тоа што пол позицијата се доделува на победникот на спринтот, а не на најбрзиот на квалификациите. 

Ова е еволуција на конкуренцијата. Гридот се прави како резултат на спринтот. Има настан во сабота кој е поважен од петокот. Тоа е важно за неделната трка и Не треба да има конфузија околу ова. 

Сепак, Тод се надева дека последниот збор ќе биде кога ќе се одржат трите настани. 

Засега ништо не е одлучено и Ќе почекаме да се одржат сите настани. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ