Тод: ФИА беше блага со критиките кон неа

Претседателот во заминување на ФИА, Жан Тод, смета дека Федерацијата била премногу блага со начинот на кој им дозволила на возачите и екипите да ги критикуваат одлуките кои ги носи.

По се посилните критики кон ФИА по она што се случуваше во Абу Даби на крајот од Формула 1 сезоната, Федерацијата се најде во ситуација да се брани. Мерцедес беа особено гласни во своите критики сметајќи дека директорот за трка, Мајкл Маси, направил грешка во своите одлуки и тоа ги чинело возачка титула.

Тод, кој заминува од ФИА по 12 години минати на чело на регулаторот, посочи дека Формула 1 треба да го види начинот на кој другите спортови немаат никаква толеранција кон прекршувачите на правилата.

денеска читав еден француски фудбалски весник во кој пишуваше дека претседателот на лион добил казна од 10 натпревари поради тоа што му се заканувал на судија. таа екипа е една од најважните и најголемите во франција.

забрането му е да дојде на стадион 10 натпревари само затоа што зборувал лошо за судија, така што тоа треба да биде пример – смета тод.

Французинот е свесен дека ФИА работела секогаш на начин да се почитуваат екипите и да се случа нивниот збор, но Формула 1 треба да повлече црвена линија во однос на тоа што е прифатливо.

мислам дека е важно да имаме дијалог со федерацијата, екипите, возачи и сопственикот на комерцијални права, но ништо не смее да биде против нас.

ја гледав трката во абу даби и видов како макс по првата кривина во која луис го мина од десно преку радиото кажа дека е пргонуван, но не е така, никој не е, не знам од каде му таква претстава.

во жештината на случувањата секој има право на сопствени чувства, но од друга страна имате директор на трка, имате стјуарди и цела организација зад нив. никој не е совршен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ