Томбазис: Тешко се суди за легалноста на моторите

Судењето за легалноста на Формула 1 моторите сега е посебно тешко во В6 турбо хибридната ерата е мислењето на Техничкиот директор на ФИА заедолжен за отворените едноседи, Николас Томбазис.

Тој дополнува дека софистицираните мотори се тешки за да се процени што прават тимовите од круг во круг.

За жал, веќе не е толку лесно како со В8 моторите. Тогаш требаше само да се види максималната брзина и димензиите на моторот дали се според правилата.

Проблемот сега е што се личи дека е легално, а сеуште ја имате можноста да работите нелегално. Да се прави ова треба да се мониторираат небројни параметри преку софтверот, сигналите и сензорите додека се вози, а тоа може да е различно во секој круг во зависност од подесувањата на моторот и со тоа е тешко да се провери како моторот функционира во секој круг – го појасни проблемот инженерот томбазис.

Поради ова, ФИА го донесе правилото за тимовите да не смее да користат модови што треба да ја олесни работата на Томбазис и неговите колеги.

Кога го ограничивме трошењето на маслото, се спречи негово користење во процесот на соговорување, Но ние не ја меревме количината во текот на целата трка туку по секој поминат круг. Сега тоа може да се направи во некој круг да троши повеќе и на крајот да е според правилата.

Доколку се менуваат модовите е тешко да се следи трошењето на маслото И затоа ја спроведовме забраната за менување на режимит на работа на агрегатите.

Томбазис не е загрижен за тоа дали ќе се намалат престасувањата со оваа промена.

Престасувањата се доста тешки бидејќи возачите нема да имаат можност да ја користат целата сила, но ќе може да ја користат батеријата. Размислувавме за ова со новите правила, Една идеја е да им се даде повеќе сила на возачите во даден момент, Но доколку ова е само од моторот ќе значи поголема временска разлика. ДОколку е со сегашните мотори со еден мод тоа ќе биде помало.

Томбазис се надева дека сегашните мотори ќе бидат заменети во 2026 година.

Размислуваме за промена на правилата во 2026 година кога треба да има нов чекор кон позелена Формула 1. Со новите правила сакаме и да го поедноставиме процесот и да си го олесниме животот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ