Тост го пофали напредокот на Тсунода

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, го пофали напредокот на јапонецот Јуки Тсунода оваа сезона. 

Откако замина Пјер Гасли од тимот, Тсунода се чини е најискусниот во тимот бидејќи колега му е Ф1 дебитантот Ник де Врис. Ова е трета сезона за јапонецот, но двајцата возачи немаат договор по истекот на оваа сезона. Сепак Тост е задоволен од Тсунода до сега. 

Јуки направи голем чекор напред. Не само од возачка страна, туку и од техничка. Веќе знае како да биде конкурентен и како да извлече максимум од болидот – вели шефот на тимот.

Де Врис дебитираше лани на една трка со Вилијамс и освои поени кои му донесоа место во Формула 1. 

Ник сеуште учи. Знаеме дека треба да обезбедиме брз болид за возачите. Тие се искусни и сакаат да победуваат, Но тимот мора да работи. Доколку има добар болид, Ник може да испорача. Потешко е за млад возач доколку болидот му прави проблеми. Сигурен сум дека ќе ни покаже што може на наредните трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ