Тост го советува де Врис да не се споредува со Макс

Ник де Врис, сонародник и колега на шампионот Макс Верстапен, ќе стане дел од гридот оваа година возејќи за АлфаТаури, а тимскиот пеф Франц Тост, го советува да не се споредува со двократниот првак.

Ник ќе стане првиот холанѓанец, по Верстапен, кој ќе се трка во шампионатот.

тој треба само да седне во болидот и да завшрши најдобра можна работа, а резултатите ќе си дојдат. ако се споредува и угледува со макс, ќе му биде многу тешко затоа што не смее да заборави дека тој е многу, многу искусен, неверојатно добар и природно надарен.

најлошо што може да му се случи е да се споредува со макс верстапен кој е во многу посебна ситуација и работи со најдобрите инженери во формула 1 и е во феноменална екипа како ред бул со сите ресурси што тие ги имаат – посочи тост.

Тост сака неговиот нов возач, кој фантастично се покажа како замена за Александер Албон на една трка во Вилијамс лани, да се фокусира на неговите способности и да се подогтви за новата сезона.

ник треба да се концентрира за да заврши колку што момже подобра работа во болидот. се надеавам дека ќе му дадеме силен болид како што заслужува за да може константно да биде во последниот квалификациски сегмент и да ни донесе колку што може повеќе поени. на тој начин ќе стигне до целта, а и ние со него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ