Тост до возачите: Ако болидите се тврди и незгодни, седете си дома

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, смета дека восчите кои се жалат дека болидите се тврди и неудобни може слободно да си седат дома и да си гледаат трка на телевизија.

Во тек е дебата за потскокнувањето и намалување односно елиминирање на истото поради стравот од идни негативни здравствени ефекти кои би ги имале возачите како резултат на потскокнувањето. ФИА во пресрет на трката објави техничка директива со која најави дека во Канада ќе собира податоци, а пото ќе реши како да го нападне проблемот.

возиме формула 1 болиди, не ролс ројс автомобили, а возачите би требало да бидат свесни за тоа. ако болидите се многут тврди за нечиј вкус, треба да си седат дома во дневна, залегнати во кревет и да си ги гледаат трките на телевизија или каде и да сакаат.

разбирам дека на возачите не им е лесно, но ова се формула 1 болиди. се сеќавам кога болидите имаа крила насекаде, возачите доаѓаа по трките и ми велеа дека треба да идат на забар затоа што стискале со забите оти болидите биле многу тешки за возење – посочи тост.

Австриецот верува дека се што возачите може да направат за да си ја подобрат ситуацијата е да тренираат повеќе, а смета и дека мешањето на ФИА може да помогне.

возачите треба сами да си погмогнат и пред се повеќе да тренинраат во однос на вратните мускули и сигурен сум дека тоа ќе помогне. фиа доаѓа сега со техничка директива која секако дека ќе најде кои сили делуваат и како да се измерат и контролираат истите со цел да се намал потскокнувањето.

не знам сигурно колку може овој феномен да се контролира, но ние ја поддржуваме фиа дека ќе собере корисни податоци, ќе им дадеме се што треба за да се стигне до вистинскиот резултат.

Франц сметадека било целосно за очекување да се врати потскокнувањето откако тимовите се решиле за враќање на болиди со зејен ефект по долга пауза.

кога беа создадени новите правила беше јасно дека болидите нема да бидат лесни за возење и буквално ќе се удираат од земјата. подот создава вентури ефект кој прави неопходно болидот да има многу силен под затоа што се преблиску до асфалтот.

со сетирање на болидот колку што може пониско добивате на перформанси, но ударите се посилни. имаме и 18-инчни тркала така што тие не произведуваат негативни ефекти иако секако дека болидите не се удобни за возење како порано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ