Тост не е загрижен за де Врис

Шефот на АлфаТаури, Франц Тост, изјави дека не е загрижен за тешкиот старт на Ф1 кариерата на Ник де Врис по инцидентите во Баку. 

Де Врис излета на квалификациите во Баку, а подоцна во текот на трката имаше уште еден инцидент, заврши во оградата и донесе безбедносно возило. Тост го бранеше холанѓанецот и направи споредба со Себастијан Фетел кој влезе во Формула 1 преку Торо Росо. 

Тоа е процес на учење. Доколку не излетаат возачите. нема да го знаат лимитот. Мора да им се оддаде признание.

Нема возач кој не излетувал. Се сеќавам кога Себастијан фетел прв пат дојде и немаше круг без да промениме нос. Тоа е дел од играта – задоволен од холанѓанецот е тимскиот шеф од фаенца.

Во Баку беше првиот спринт викенд и Тост смета дека квалификациите биле проблематични. 

Како што кажувам, кога почетник ќе дојде во Формула 1, потребни му се три години за да разбере што се случува. Исто е и со спринт форматот. Имаше една тренинг сесија тренинг и веднаш квалификации што е тешко за младите возачи бидејќи сеуште не ги знаат гумите. тоа што се случи со Ник е јасно. Предоцна кочеше и немаше грип. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ