Тост: Не им верувам на моите инженери

Шефот на АлфаТаури, Франц Тост, имаше драматична изјава каде кажа дека не им верува на своите инженери откако новиот болид АТ04 не ги исполни очекувањата.

На првата трка, јапонецот Јуки Тсунода стартуваше од 14та позиција, а Ник де Врис четири места подоле, но не дојдоа до поени на крајот. На првиот тренинг на Џеда, Тсунода беше 10ти најбрз пред де Врис кој заврши на 13та позиција.

Мислам дека болидот ги нема очекуваните перформанси, а очекувавме подобар болид. Се мачевме во Бахреин, Но тука е различно.

Се надевавме на еден болид во К3, Возевме различни програми. Инженерите ми кажуваат дека има напоедок, но не им верувам. Се гледа само времето по круг. Во текот на зимата ми кажуваа дека болидот е фантастичен и дека има напредок, Но ништо од тоа – вели искусниот австриец.

Тост кажа и каокв проблем има болидот.

Немаме потисна сила, Болидот не е стабилен при кочење и ги прегрева гумите, нема тракција и се е погрешно. Буџетот не ни прави проблем во развојот, Но дали одиме во вистинска насока?

На хартија и на компјутер имаше напредок, Но ништо од тоа. не им верувам повеќе. Чекам конкретни чекори и да се подобрат перформансите. Знам дека целото знаење од тестот во Бахреин и трката ќе мора да се искористи и да се подобриме. Очекуваме надградби во Мелбурн и Баку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ