Тост потврди: Гасли останува во АлфаТаури догодина

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, потврди дека Пјер Гасли ќе осане во малиот тим од Фаенца и следната тркачка сезона и целосно и до крај ќе го одработи договорот кој го има со Ред Бул.

Скорешната одлука на лидерите во конструкторскиот поредок да му понудат двегодишно продолжување на соработката на Серхио Перез значеше дека мексиканецо ќе остане дел од екипата до крајот на 2024 година и нема да има место за младиот французин во сениорската екипа.

Следуваа шпекулации во врска со иднината на Пјер, а многумина посочуваа дека Гасли треба да го направи тоа што пред него го направија Даниел Рикардо и Карлос Саинз, односно да ја прекине соработката со Ред Бул.

тој ќе вози за скудерија алфатаури во 2023 година и тоа. 100% потврдено. има важечки договор и немам ништо повеќе да кажам на таа тема – изјави тост на прес конференцијата во канада.

Искусниот австриец посочи дека одличната работа и перформанси на младиот возач не наишле на награда поради проблемите кои тимот ги има со болидот годинава.

тој покажува фантастични перформанси, но за жал, од почетокот на сезоната имаше многу технички проблеми како на пример во бахреин. следува многу грешки кои не беа негова вина, туку тимски грешки и среќни сме што во баку видовме колку тој е добар.

се надевам дека ќе му овозможиме конкурентен болид за остатокот од сезоната заоа што тој има перформанси да се трка при врвот со силен болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ