Тост призна дека де Врис е под голем притисок

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, призна дека неговиот дебитант, Ник де Врис е под голем притисок за перформанси сезонава.

Холанѓанецот има проблематичен старт на сезонава и веќе почна да се шпекулира дека ако не почне да испорачува резултати набрзо, ќе биде отпуштен од доктор Марко. На последната трка во Мајами заврши на 18то место дури 7 позиции зад колегата Тсунода.

перформансит ена ники сами по себе не беа лоши, но да се каже дека сум задоволен нема да биде точно. знам дека на новите возачи во спортот не им е воопшто лесно, особено на првите трки.

одиме во имола, во монако и во барселона, патеки кои тој многу повеќе ги познава и ако успееме да го прилагодиме и подобриме болидот за него, тој ќе напредува – посочи тост.

Запрашан дали треба Ник да заостанува помалку од 7те позиции зад другиот болид на тимот, Франц одговори:

не смееме да заборавиме дека немаше откажан болид во мајами. ако сите најсили екипи завршат, нема простор ние да освоие некој поен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ