Тост смета дека не може да победува со дебитанти

Франц Тост ги откри предизвиците на АлфаТаури и што е потребно за да бидат во комбинација за победи на трки во иднина.

Екипата посочи дека од следната година ќе има нова раководна структура, шеф ќе биде Лорен Мекиес од Ферари, додека Главен извршен директор ќе стане Питер Бајер. Тимот има само две победи, двете на Монца, едната во 2008 година со Фетел, а другата пред три години со Гасли.

во иднина се надевам дека екипата ќе победува на трки. работиме со млади возачи и ако анализираме, некогаш имаме и двајца дебитанти во една година. со дебитанти е многу тешко да се победува на трки.

погледнете го сегашниот поредок, првите четири екипи, тие имаат силни технички тимови, но и одлични возачи кои не се дебитанти. се сеќавам на времето кога себастијан фетел возеше за нас, стана првак со ред бул, но му требаа неколку години за да се запознае со се – се присети тост.

Со 18 години Формула 1 искуство и возачи како Фетел, Верстапен, Рикардо и Саинз со кои работел, Тост смета дека е потребно три години за да возач се подготви за тркачката серија. Тој смета дека токму поради тоа Астон, Мекларен и Алпин земаат веќе докажани победници за возачи.

секогаш велам дека на возач му требаат три години за добро да се подготви за формула 1, првата година буквално пролетува, се им е ново откако дошле од формула 2 или формула 3. најчесто дебитантите претеруваат со возењето, мислат дека на квалификации може да кочат могу доцна, притискаат и прават големи грешки.

втората година се запознати подобро со се што се случува, додека третата година разбираат што прават, што со менаџирање на гумите и аеродинамиката, како да се промеат тие работи на подобро.

од половина на третата година и понатаму, тие треба да се подготвени за победи на трки и борба со сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ