Трката во Абу Даби бесплатно и во живо на британски Канал 4

Британски Канал 4 ќе врши директен пренос на Гранд При трката во Абу Даби која ќе ја реши овогодинешната борба аз титулите откако постигнале договор со Скај Спортс.

Согласно актуелниот договор за пренесување на Формула 1 во Британија, Канал 4 има право во живо да го пренесува само Британското Гранд При, додека останатите трки се пренесувани само во силот на најинтересни моменти. Но, Луис Хамилтон е во потера по својата рекордна 8ма титула во кариерата, така што Канал 4 реши да се договори со Скај кои имаат ексклузивни права.

Канал 4 ќе го емитува преносот од Скај во текот на трката, вклучително и сите анализи и коментари од тимот на Скај Спортс Ф1.

возбудени сме што скај ќе овозможи пренос во живо на големата награда на абу даби на гледачите на канал 4 за сите во живо да го проследат возбудливото финале на оваа епска сезона.

страста на скај за формула е едноставно е неверојатна и тие направија невиден и дарежлив гест да ја покажат својата љубов кон спортот и милионите негови фанови во велика британија. нетрпеливи сме да дојде недела кога сите ќе бидат буквално залепени за телевизиските екрани – изјави главниот извршен дирктор на спортот, стефано доменикали.

Од страна на Скај додадоа:

неделното гранд при е еден од најголемите спортски настани последната деценија и може да биде историски момент за британскиот спорт. се решивме да ја подариме трката на целата земја за божиќ преку партнерство со канал 4 за сите да бидат дел од гордниот момент на нацијата кога луис хамилтон ќе нападне за 8ма титула.

неверојатниот тим на скај спортс формула 1 ќе им овозможни и на гледачите на канал 4 најдобар преглед, најстручен коментар на секој дел од трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ