Трката во Шпанија со нов договор

Големата награда на Шпанија во 2021 година ќе се одржи според планираното откако автодромот Барселона-Каталуња потпиша договор со Формула 1.

Трката на 9 Мај во Барселона претходно беше наведена како предмет на договор на привремениот календар на Формула 1 со рекордни 23 трки, кој беше претставен во Ноември лани.

Но, откако владата на Каталонија даде зелено светло да се согласи на продолжување на договорот со шампионатот за 2021 година, организаторите на Големата Награда на Шпанија ставија “пенкало на хартија“ во врска со новиот договор со кој трката ќе продолжи да се одржува на патеката која е домаќин на Формула 1 од 1991 година.

Официјални лица велат дека сега работат со Формула 1 за да се зацврсти новиот долгорочен договор што ќе ја обезбеди иднината на Шпанското Гранд При во Барселона по истекот на оваа сезона.

Големата награда на формула 1 во Каталонија е одличен настан на светско ниво што влијае во однос на растот на БДП и создавање работни места и богатство десет пати поголемо од придонесот даден од каталонската влада.

Ќе продолжиме да работиме со владата со цел да ја претвориме тркачката патека во Монтемело во трајно место за натпревар, бидејќи Формула 1 не е трошок, туку инвестиција – изјави каталонскиот министер, Роман Тремоса.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ