Тркањето на Фетел е очајно, смета Палмер

Себастијан Фетел се изврте обидувајќи се да го нападне Карлос Саинз на многу аматерски начин и лошо ја почна сезоната со квалификации на 11то место и финиш на трка со само еден поен.

Четирикратниот првак прави многу грешки во последно време поради што е цел на многу критики. Лани Шарл Леклер стана миленик на тифозите, кои претходно го поддржуваа Себ, но гермаенцот едноставно возеше аматерски.

Ферари веќе го информираа германецот дека ќе биде прекуброен следната година во тимот, а како негова замена ќе го донесат Карлос Саинз, решение кое се чини дека било исправно од сегашна гледна точка. Себ пристигна на Ред Бул Ринг за да му докаже на тимот дека не биле во право што се откажале од него, но не само што не го направи тоа, туку и се посрамоти.

видовме нов специјалитет од фетел и продолжи да го прави тоа што во последно време многу често го прави.

ги закочи тркалата во внатрешниот дел со карлос саинз многу пред себе и слдуваше негово стандардно извртување откако имаше мал контакт со тркалата на мекалрен – анализиа поранешниот возач џулион палмер за BBC Sport.

Британецот смета дека Себастијан повторно ја покажал својата очајна форма, нешто што мора да престане да го прави со оглед на фактот што Ферари се слаби годинава и по се изгледа првиот дел ќе го минат на средина од поредокот.

За разлика од него, неговиот колега, Шарл Леклер, ја заврши трката со одлично второ место единствено зад Мерцедесот на Ботас и Луис Хамилтон, кој поради казна загуби две позиции. Мекалрен и Рејсинг Поинт имаа подобар ритам од “црвените“, но со одлична стратегија и возење Леклер успеа да излезе пред нив.

едноставно, себастијан е слаб на трка и ќе се мачи во густата средина од поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ