Тсунода: Треба да ги извадиме сите крила за да сме брзи

Јапонецот од АлфаТаури, Јуки Тсунода, посочи дека неговиот тим би требало да вози без крила во Азербејџан за да надомести за ниската брзина на правиите кои се многу долги во Баку.

Низ Алберт Парк во Мелбурн, најголемата негова брзина изнесуваше 314,2 кмч со што беше 17ти на таа листа со огромен заостаток зад Чеко Перез кој мина најбрзо на мерната точка возејќи 339,9 кмч. По својот прв поен кој го освои во австралија, јапонецот ги нарече перформансите на правците на АТ04 едноставно ужасни.

беше лудо, имав огромен отпор на правците, а брзината на тие делови беше ужасна. во баку ќе треба да ги извадиме сите крила за да ја максимизираме брзината на предолгиот стартен правец – на шега објасни јуки.

Тој го отежна својот тркачки викенд со излетувањето на првиот петочен тренинг кога го оштети новиот под. Тимот имаше само две нови спецификации на под, така што Ник де Врис го користеше својот од вториот тренинг.

јас погрешив и самиот придонесов да го користам стариот под цел викенд што не беше идеално ни за мене ни за тимот. се извинив за тоа, но за среќа ги максимизиравме перформансите и среќни сме со нив и со резултатот, но следува баку.

Најдобра работа за Тсунода во Мелбурн беше фантастичниот старт по второто црвено знаме кога од 13то место дојде до 5то.

потенцијално имав 5то место, но инцидентите се случија зад мене и поради тоа имав фантастичен старт и до првата кривина минав шест болиди или нешто слично, така што и без инциденти ќе бев барем 6ти.

фрустриран сум секако, но што е тоа е, морав да се вратам на нормалната позиција и 10то место е сепак позитивно и треба да го прифатиме затоа што имавме тежок викенд и одличн е што дојдовме до поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ