Турција добива две ДРС зони

ФИА откри дека на Турското Гранд При кое е на програмата викендов, патеката ќе има две ДРС зони каде ќе може да се активира системот за намалување на драг силата и на тој начин да се добие на брзина.

По девет години, Формула 1 се враќа на Истанбул Парк како дел таканаречениот корона календар составен од страна на челниците на тркачката серија со цел да се спаси сезонава.

Трката беше редовно во календарот од 2005 до 2011 година, а последниот настан беше при премиерата на ДРС системот во Формула 1. Таа сезона беше користена само една зона, а во годините кои следуваа некои патеки добива и по три.

Оригиналната зона ќе остане како и во 2011 година со точка на детекција во пресрет на 9та кривина од патеката и активација на 82 нетри пред 11от свиок и истата ќе може да се користи се до огромната зона за кочење во 12та кривина. Втората зона е на главниот правец со активација 69 метри пред по кривина. 

Согласно правилото, ДРС зоните може да се користат слободно на квалификациите и тренинзите, додека на трка само доколку во точката на детекција имаат ривал кој е помалку од секунда пред нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ