Скратени две ДРС зони во Мајами

ФИА потврди дека двете ДРС зони во Мајами ќе бидат скусени за овогодинешното издание на Гранд При трката, споредено со ланската премиера на настанот.

Како што беше најавено во пресрет на сезонава, првите пет трки ќе претрпат промени во ДРС зоните, некоја ќе добие подолги, некоја покуси зони со цел подобро да се балансира со претекнувањето. Во Мајами, првите две ДРС зони имаат активациски зони подоцна, првата е поместена од 30 метри по 9та кривина, на 105 метри по таа кривина, значи покуса е за 75 метри. Втората е скусена за исто, почнуваше 525 метри по 16от свиок, а сега почнува 450 метри по истиот.

Последната ДРС зона која ионака немаше никаков ефект на претекнувањето, остана иста.

Патеката за трка се протега околу Хард Рок стадионот на Мајами Долфинс и за годинешното издание доби целосно нов асфалт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ