Алонсо задоволен од покусите ДРС зони во Мајами

Фернандо Алонсо ја поддржа одлуката на ФИА да ги скуси двете ДРС зони за Гранд При трката во Мајами и тоа за по 75 метри.

Одлуката дојде откако минатиот викенд во Азербејџан, надолгата ДРС зона беше скусена за цели 100 метри, претекнувањето изостана, на незадоволство на најголем дел од возачите. Сепак, Алонсо, посочи дека ФИА ги има сие податоци од ланската трка и добро знае што прави, сакајќи да создаде претекнување на природен начин.

ја поддржувам одлуката на фиа, секако. прелесно се претекнуваше тука лани, така што јас сум за скусувањето на дрс зоните. во баку исто така лани прелесно се претекнуваше и поради тоа дрс зоната беше пократка.

чув дека луис хамилтон се жали на кусата дрс зона што сметам дека е штетно за нив поради големата потисна сила со која возеа, но за ред бул беше долга.

на правецот, верстапен го претекна леклер од надворешна страна на првата кривина и беше цел болид пред него, така што за нив имаше доволно простор.

се работи за пресметките на фиа, тие знаат што се случувало лани во баку и во мајами, знаеја колку претекнувања има и колку било лесно. поради тоа е пократка дрс зоната, но сеуште е рано и тешко да се предвиди како ќе се одрази тоа – смета нандо.

Шпанецот посочи дека годинава екипите го прилагодиле својот дизајн согласно новите правила од лани, така што е отежнато следењето.

вистина е дека годинава потешко се следат болидите, тоа е целосно точно. ред бул сметаат дека дрс зоните се предолги, така што зависи каков болид возите.

добро прашање е дали се прави вистинската работа. мислам дека имаше огромни очекувања од олеснетото следење болиди и збивањето на поредокот, така што сеушт е рано со сигурност да се пресече.

ако ред бул не беше толку многу пред сите, ќе гледавме инетресна борба од 3-4 екипи за победа, затоа што сите сме на отпрлика 2 десетинки и тогаш ќе кажевме дека правилата се полн погодок.

можеби треба да дадеме уште време, да се појави стабилноста, можеби во 2026 година повторно се ќе се промени.

Нандо смета дека веројатно претекнувањето и следењето не е лесно затоа што болидит се многу слични по перформанси.

екипите се се поблсику во однос на перформанси. ако ги оставиме ред бул на страна затоа што понекогаш се по 6 десетинки пред сите, од 3то до 16то место е многу блиску.

на трка е тешко да се претекне болид кој е едвај половина секунда побавен од вас, така што поредокот е сосема природен, изедначените перформанси се причина.

тука се и гумите кои брзо прегреваат и губат карактеристики поради што треба многу мудро да одлучувате кога да претекнете и нападнете.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ