Скусени ДРС зоните во Бахреин

ФИА ќе скуси една од трите ДРС зони за овогодинешното Бахреинско Гранд При на Шакир, прва трка од овогодинешниот Формула 1 календар.

Првата ДРС зона од кругот помеѓу свиоците број 3 и 4 и втората ДРС зона од кругот на правецот помеѓу 10от и 11от свиок осануваат непроменети, но најдолгата ДРС зон на главниот правец е скусена на начин што точката на активација е поместена за 80 метри од последната кривина.

Активациската точка претходно беше 170 метри по 15та, односно последната кривина од кругот, а сега е 250 метри по истиот, но и овој пат е пред влезот во боксот. Скусувањето на ДРС зоната е поради тоа што ФИА верува дека овогодинешните технички правила го направија претекнувањето полесно.

ФИА и Формула 1 претходно потврдија дека ќе има прилагодување на ДРС зоните на Џеда, Мелбурн, Баку и Мајами, а целта е да се отежни претекнувањето со ова вештачко помагало и сето тоа по прибранит елански информации. Тоа ќе биде направено со поместување на точката на активација подоцна во кругот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ